Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 9-15 ноември, во општина Прилеп имало 362 нови случаи на коронавирус;
Од последици на коронавирусот, починале 19 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 879. 729 лица се наоѓаат на домашно лекување, 91 на болничко, а 59 се лекуваат во дневната болница. На кислородна поддршка се наоѓаат 52 пациента.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.034 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 2.180.
Од почетокот на пандемијата во Прилеп од коронавирус починале 98 лица.