ВИДЕО – Масовната кражба на дрва во Прилеп продолжува, институциите не реагираат

Не престанува масовната кражба на дрва во прилепско, а институциите со години се прават глуви и слепи на овој криминал. До редакцијата на Инфо Компас не престануваат да пристигнуваат видеа од загрижени граѓани кои велат дека во пределот на Дервен е направена вистинска еколошка катастрофа. Нелегално исечен е огромен дел од дрвниот фонд, а планината наликува на пустина. Најновото видео е снимено попладнево. Како што може да се забележи дрвокрадците се организирани со специјални возила направени за товар и пренос на дрвата, а дел од нив користат и коњи.

 

 

Полиција нема ниту за лек. Ова се дел од видеата кои ги објавивме во последниов месец.

 

 

 

Во последно време МВР скоро секој ден се фали со изречени казни за сообраќајни прекршоци и за неносење на маски, а скоро и да нема извештаи за казни за дрвокрадците. Па еве еден предлог полицијата освен во центарот на Прилеп нека прошета малку и на кај вештачкото езеро да види што се случува. 24/7 со децении наназад од тука дневно поминуваат по 30-тина и повеќе вакви возила со украдени дрва и никој ништо не им може. Според очевидци за побрзо крадење на дрвата и пренос на истите во планината дрвокрадциите имаат направено и штали каде ги чуваат коњите. Криминалот се случува пред нашите очи буквално секојдневно, но државата се прави глува и слепа!

 

Ова е брука за една држава! Зошто органите не превземаат ништо?

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи