77 нови случаи на Ковид 19 во Прилеп, тројца граѓани ја изгубија битката со вирусот

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.553 тестирања, а регистрирани се 1.112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-321, Куманово-69,  Дебар-10, Штип-38, Прилеп-77, Тетово-79, Струга-44, Велес-44, Битола-65, Охрид-36, Кавадарци-26, Гостивар-60, Гевгелија-19, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Крушево-3, Кочани-44, Пробиштип-6, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-23,  Валандово-12, Виница-11, Делчево-13, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-12, Ресен-16, Неготино-22.

 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 709 оздравени пациенти од: Скопје-290, Куманово-30, Штип-31, Прилеп-62, Тетово-52, Струга-17, Велес-29, Битола-20, Охрид-57, Кавадарци-15, Гостивар-11, Гевгелија-6,  Струмица-14, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-18, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Берово-3, Валандово-3, Кратово-4, Свети Николе-2, Кичево-10, Ресен-5, Неготино-8.

 

Починати се 24 лица, четири пациенти од Скопје (76, 62, 67 и 70), еден од Куманово (64), еден од Штип (87), тројца од Прилеп (69, 45 и 79), двајца од Тетово (41 и 65), двајца од Велес (81 и 61), пет пациенти од Битола (70, 91, 48, 60 и 73), еден од Охрид (89), еден од Крива Паланка (47), еден од Крушево (60), еден од Кочани (41), еден од Македонски Брод (40) и еден пациент од Виница (66). Сите пациенти се починати во болнички услови“, се вели во соопштението.

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 54.743, бројката на оздравени пациенти е 32.366, на починати е 1.511, а бројот на активни случаи изнесува 20.866.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.