ВИДЕО – Поголем дел од тутунарите незадоволни од проценките на стартот на откупот на тутунот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Поголем дел од тутунарите незадоволни од проценките на стартот на откупот на тутунот. Тутунски Комбинат Прилеп е втор откупувач кој денеска започна со откуп, кој се одвива според сите протоколи за заштита од Ковид 19.  Тутунарите се пожалија на ниски цени, а други пак незадоволни си го вратија тутунот назад бидејќи им барале да носат одредени количини од сите берби.

 

 

„Ова е катастрофа, 60 години ова не се случило. Секогаш одело подобро и во најлошите години било подобро“, вели еден тутунар.

 

„Годинава многу тешко одат цените, сега не знам колку ќе ми помине тука, се оди на четворка, на тројка“, кажа друг тутунар.

 

„Од класата од дибот колку декари ти пишале таму и четири картони, повеќе не може да поминеш“, додаде трет тутунар.

 

Министерот Аријанид Хоџа истакна дека се уште е рано да се даваат оценки, и дека ако нешто не е во ред тутунарите имаат право да се жалаат. На ист став и од Тутунскиот комбинат Прилеп.

 

„Тутунарите се заштитени со тоа што имаат и повереници на вагите, а од друга страна секој што има проблем со вреднувањето на тутунот има можност да повика на второстепена комисија“, изјави Аријанит Хоџа, Министер за земјоделство.

 

„Се знаат мострите кои се, се знае квалитетот од оваа година кој е. Наша цел ќе биде обострано задоволство, од една страна компаниите, од друга страна тутунопроизводителите“, рече Кире Станкоски, директор на Тутунски Комбинат Прилеп.

 

Од Сојузот на земјоделци рекоа дека од 1 до 5 декември со откуп ќе започнат сите преостанати откупувачи кога ќе се има комплетна слика каква ќе биде цената, ако и тогаш било нереално оценувањето ако требало ќе првземеле и порадикални чекори.

 

„Ние ќе преземиме се што е во наш домен преку поверениците, од оставање тутун за второстепени комисии, дури не дај боже дојде и до тоа, ќе ги повлечиме поверениците, се со цел само да ги заштитиме тутунопроизводителите“, додаде Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделци.

 

Според Министерството годинава се планира да се откупат околу 23 милиони килограми според потпишаните договори. Ќе се потруделе во рарзговор со откупувачите да биде откупен и ако остане малку вишок на тутун, но се уште било рано да се зборува сега за тоа.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи