Финансиските средства се обезбедени, исплатата ќе биде исто како и минатите години. Денеска тутунот се предава, наредниот ден кооперантите ги имаат средствата на своите сметки. Рече на денешното започнување на откупот на тутун во Тутунскиот Комбинат, генералниот извршен директор на оваа компанија, Кире Станкоски.
„Имаме вкупно 21 откупен пункт, со 31 вага, наредниве денови ќе ги отвориме нашите ваги и пунктови по населените места. На нашите кооперанти и на сите тутунопроизводители им посакувам добро здравје пред се, бидејќи знаеме сите во какво време живееме, пандемијата е насекаде и на глобално ниво, да ги почитуваат здравствените препораки. Нашето останува да извршиме реална проценка и сопствениот труд да им го наградиме онака како што треба“, кажа Станкоски.