Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп донираше постелнина, јоргани, перници и вода за прилепската болница

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК Прилеп денес реализираше донација во Градска Болница. Донацијата се состоеше од постелнина, јоргани, перници и пакети вода за ковид одделението.

 

Во овој период сите ги слушаме излагањата на наши сограѓани кои биле хоспитализирани, кои зборуваат за потребите на пациентите кои се сместуваат. Токму поради тоа како политичка одговорна партија ВМРОДПМНЕ и во минатото има реализирано бројни хуманитарни акции и донации, но во овој момент на најголемата здравствена криза која ја памети човештвото се одлучивме на ваква донација иако сме партија во опозиција во рамките на можностите и во интерес на сите сограѓани. Лелецитие кои постојано ги слушаме и ужасните видео снимки од различни здравствени установи ширум Македонија се надеваме дека ќе го привлечат вниманието на првиот човек во здравството и ќе го оттргнат од дневното политиканство кое си го дозволи истиот човек против партиски функционери на ВМРОДПМНЕ. Како партија бараме одговорност од државниот врв поради неспремноста за ненавремено справување со вториот бран од ковид пандемијава“, велат од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

 

Од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп на сите сограѓани кои веќе ја водат битката со корона вирусот им посакуваат брзо и лесно опоравување, а на останатите сограѓани им препорачуваат да ги почитуваат мерките и препораките за заштита на личното здравје и здравјето на останатите, носење на маска и задолжителна дистанца.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи