Роден е во 1937 година во Прилеп. Дипломски и магистерски студии завршил на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1962 година. Својата прва изложба ја имал во 1958 година, а додека во 1965 година, првата самостојна изложба ја претставил во Скопје, а во странство изложувал во Италија (Рим, Торино, Бари), Франција и Бугарија.
Учествувал на повеќе групни изложби во Прилеп, Скопје, Белград, Риека и Словенградец. Со сликарите на УЛУС (Удружење ликовних уметника Србије) изложувал до 1963 година, а учествувал со свои дела на речиси сите изложби на ДЛУМ (Друштво на ликовните уметници на Македонија).
Како стипендист на Фондот „Моша Пијаде“ престојувал во Италија и Франција, а студиски престојувал во Грција, Бугарија и Русија. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 1960 година, а долго години работел и како професор во Училиштето за применета уметност во Скопје.
Автор е на неколку монументални дела (ѕидни слики) во Прилеп (мозаик, Пошта), Куманово (Пошта), Стопанска банка Скопје и Народен театар во Струмица.
Добитник е на повеќе награди и признанија за сликарството.