„Приказни од дворот“ од Симонида Филипова Китановска во петок во Цепенков

 

 

На 4 декември 2020, петок од 12.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Приказни од дворот“ од уметницата Симонида Филипова Китановска.

 

ПРИКАЗНИ ОД ДВОРОТ

 

Зошто современ уметник во дваесет и првиот век би сликал цвеќиња и мотиви од природата? Можеби концептите се исцрпени? Можеби современата технолошка уметност, која често се опишува преку тоа колку пари се потрошени за нејзино производство и специфичната подготовка или изградба на изложбениот простор, станаа далечни роднини на уметноста? Или можеби станува збор за нешто сосема трето? Милиони години еволуција создадоа биодиверзитет над човечкиот креативен капацитет. Нема потреба да патувате во тропска прашума и да сте во потрага по егзотични хоризонти (иако некои дела се инспирирани од патувањата на уметничката во Индија и Бразил). Сето тоа може да се види во еден обичен, скромен двор. И сè уште е подеднакво инспиративно за уметниците денес, како што беше за импресионистите во деветнаесеттиот век. Веројатно ќе продолжи да биде така, освен ако не ја уништиме природата. Да, денес дури имаме технологија да ја убиеме целата природа за многу кратко време. Можеби тоа е новиот концепт – уметноста како алатка за зачувување на животната средина за идните генерации!

 

Можеби уметникот е традиционалист? Секој што ја познава Симонида знае дека е далеку од тоа да биде традиционален уметник или лесно да се става во категорија со други уметници. Всушност, одговорот на сите многу прашања во овој краток текст може да биде „не“. Или може да биде „да“ или која било комбинација од двете во зависност од тоа што сакаме да постигнеме или кого сакаме да убедиме во вистинотоста на нешто преку интелектуална шпекулацја. Па, единственото нешто што сакам да ве убедам сите вас е дека не се потребни зборови кога се опишува уметноста на Симонида.Всушност, тоа е една од најслушаните изјави на посетителите на нејзините изложби. Втората најслушана реченица е всушност прашање – до кога е отворена изложбата? Приличен број од нив постојано се враќаат повторно да ги  видат сликите затоа што им прави да се чувствуваат добро, велат тие. Јас секако не би го препорачал тоа за време на оваа епидемија.

 

„Уметноста претставена овде е стар занает на мешање на пигмент со вода и сликање со него на хартија на правена од памук. Таа е самоодржлива (најслушаниот збор кога се обидуваме да го поправиме сè што досега уништивме во природата), уметност во чиста форма што не бара експликација. И што е најважно – замислена е во умот на уметникот пред да започне чинот на сликање. Уживајте во шоуто и ве молиме, грижете се за вашиот двор и живиот свет во него – вели Тони Китановски

 

Симонида Филипова Китановска е активен професионален уметник и член на ДЛУМ од 1988 . Нејзината уметничка кариера е константно обележана со бројни меѓународни и домашни претставувања на самостојни и групни изложби.

 

1991-1997 живее и работи во САД.

 

Самостојно излагала во националните галерии во земјава ( Даут Пашин Амам, Мала Станица..) но и во странство.

 

Добитник е на бројни домашни и меѓународни награди.

 

Последниве години нејзиното творештво речиси исклучиво е во техниката акварел. Покрај бројните претставувања на светската сцена често е поканета и да ја презентира својата специфична техника на изразување.

 

Во долгогодишната кариера успешно се изразувала во повеќе  визуелни медиуми: инсталација, масло, перформанс, графика, видео арт…

 

Делата на Симонида Филипова-Китановска се излагани на повеке од стотина самостојни и групни изложби во Македонија, Хрватска, Србија, Франција, САД, Германија, Малезија, Финска, Перу, Бугарија, Австралија, Романија, Ерменија, Грција, Португалија, Канада, Шпанија, Босна, Тајланд, Канада,  Индија, Италија, Коста Рика, Бразил, Индија и Албанија.

 

Награди

 

2018 – Сан Хуан, Костарика, акварелно биенале, најдобра апстракција

2014 –Вангел Коџоман, сликарство мал формат, КИЦ Скопје

2013 – Остен, уметник на годината

2013 – Гранд при – интернационален конкурс на акварел-Скопје

2012 –Награда за акварел – интернационален конкурс –Скопје

2008 – Димитар  Пандилов, сликарство мал формат, ДЛУМ

1997 – Димитар  Пандилов, сликарство мал формат, ДЛУМ

1989 – Биенале на Југословенски  акварел, БАЈ, Карловац

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи