Марковски : „МК Ракомет“ е единствена ФБ страна кај нас каде може да се најдат буквално сите новости за нашиот ракомет

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Давид Марковски е млад ракометар од Прилеп кој освен што се занимава со овој спорт сопственик е и на Фб страна МК Ракомет на која ги објавува буквално сите вести поврзани со ракометот во Македонија.

 

Колку време се занимаваш со ракомет?

 

Со ракомет се занимавам 8 години, играв во РК „Макалоски“, потоа во РК „Прилеп“ играв до последно, а за понатаму имам некој понуди, ќе ги разгледам и ќе одлучам што ќе правам.

 

Што се случува со ракометот во Прилеп, каде тој се движи?

Ракометот во Прилеп е на добро ниво, потпомогнат е од Општина Прилеп и од неколку други спонзори. Но еве кога дојде Горан Кузманоски-Таста кој е и тренер на клубот веќе пополека се враќа ракометот во Прилеп како што бил претходните години. Веќе екипата се натпреварува во суперлига и имаат добри резултати.

 

 

 

Каква е состојбата со ракометот на ниво на држава, дали има перспектива за млади спортисти како тебе?

 

Состојбата е добра во машкиот ракомет, добро се вложува, имаме екипи што играат во европските купови во лигата на шампионите како Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, Бутел, Охрид, Прилеп и останатите тимови. Голема благодарност за функционирањето на ракометот можи да му се даде на Живко Мукаетов претседател на РФМ и другите членови во РФМ. Малку повеќе треба да се вложи во женскиот ракомет, затоа што е на многу ниско ниво спрема машкиот.

 

Каде се гледаш себеси во иднина?

 

Во иднина се гледам во дресот на Вардар, но можно е и на некоја странска екипата.

 

Кој ти е омилен играч и омилен клуб?

 

Омилен играч ми е Кирил Лазаров, затоа што тој направи и ќе направи многу за ракометот во Македонија и репрезентацијата, а омилен клуб ми е Вардар, затоа што игра добар европски ракомет.

 

 

Која беше причината да ја отвориш ФБ страната МК Ракомет?

 

Причина искрено немав, но ете почнав да се занимавам со ракомет и еден ден решив да отворам страница да ја известувам публиката за ракометот.

 

Какви информации пласираш на неа и по што се разликува таа од другите слични ФБ страни во Македонија?

На неа има се што го опфаќа ракометот, интервјуа, натпревари, за клубовите, за ракометните спортисти. Мислам дека се разликува по тоа што мојата страница веќе објавува и за младите спортисти, не само за возрасните кои играат во Македонија и странство и што ги објавува сите вести за ракометот.

 

Како планираш во иднина да се развива оваа страница?

 

Со повеќе објави, со повеќе публика, со малку финансии да ја развијаме низ цел свет. А и во план сум за вебсајт на страницата, но пополека да не брзаме.

 

 

Гледам имаш и спонзори на страницата што придонесуваат за нејзиино егзистирање ?

 

Со спонзорите се докажува дека секој можи да помогни во спортот на било каков начин. За крај би сакал да ви се заблагодарам интервјуто на вас и вашиот медиум Инфо Компас, сакам да му се заблагодарам на сите спонзори кои помагаат во овој проект : Слаткарница Дизниленд, Печатница БМ Принт, Буцо Кинг, Теко Солар, Адриатик, Рустика Кетеринг, Радио Пела, Цвеќара Уна, Лукас, Инфудија, Автоконтрол, Мега Маркет Пата, Фурна Лукамик, Мебло Трејд, Кафе Бар Оникс, Автоцентар Матрак, Шула Комерц-Техно Мега, Месарница Пикант, Дел Посто и Аптека Миа Фарм, Авто Плац Exclusive. И сакам да кажам до сите повеќе да вложуваат во спортот и ракометот во Македонија!

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи