ВИДЕО – За прв пат македонска спелеонуркачка експедиција влезе во пештерата „Изворот на Бабуна“

За прв пат македонска спелеонуркачка експедиција влезе во срцето на Солунска Глава во пештерата „Изворот на Бабуна“ која се наоѓаа на околу 1400 метри надморка височина. Пештера е откриена 1968 година од страна на друштвото „Пеони“, но до сега во неа немаат нуркано македонски спелеолози. Ја истражувале само странскии експедиции кои досега откриле 3 подземни езера, но каналите воделе уште подлабоко. Македоската екипа била составена од 6 члена, a во подводните езера нуркале само двајца, Дарко Неданоски од Прилеп и Гоце Димитриевски од клубот „Врело“ од Скопје, кои го поминале второт езеро. Нуркањето траелео 6 часа.

 

 

„Го поминавме второто езеро во Изворот на Бабуна, тоа е во должина некаде околу 1.5 километри во длабочините, во срцето на Солунска глава. Станува збор стварно за голема количина на вода, многу големи канали, ние сме фасцинирани и стварно премногу изненадени, затоа што нели прв пат некој од кај нас влегува таму и веќе имаме престава што и како треба да преземиме за догодина да направиме уште поголема експедиција, посериозна и да истражуваме што може повеќе, да допридонесеме за општеството, за науката и секако за државата“, истакна Дарко Неданоски, претседател на Спелеолошка Федерација на Македонија.

 

Условиите за нуркање биле екстремни. Температурата на водата била 5 степени, а надвор – 10. Постојано морало да бидат активни и да се движат бидејќи било премногу студено.

 

„Откако го поминавме првио сифон, првото езерце, потоа пешачевме низ реката, низ водата која извира низ длабочината на Солунска од прилика околу 200-300 метри, потоа следува поголемото езеро каде што е со длаболина од повеќе од 20 метри. Пак продолжуваме низ водата, низ каналите да се движиме за да стасаме до третото езеро“, додаде Неданоски.

 

Се надеваат дека идината година ќе го поминат и 3-тото езеро и ќе отидат толку длабоко во Солунска глава колку што никој досега не влегол.

 

„Премногу голема количина на вода, бидејќи таа вода допрва треба да се анализира, да се направи тестирање, да се земи примерок од што е можно подлабока внатрешност од Солунска глава и секако да се однеси до институтите за да се истражува и да се има анализа. Секако тоа е еден голем резервоар за нашата држава“, рече Неданоски.

 

Неданоски и Димитриевски искажаа и огромна благодарност до Киро Ангелески, претседател на клубот „Врело“ од кого ја имале најголемата поддршка за експедицијата.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи