ВИДЕО – ЦГИ продолжува со големиот број донации – денеска донирани 34 таблети за ученици од социјално загрозени семејства

Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп продолжува со придонесот кон полесно справување со COVID-19 пандемијата, денеска донираше 34 таблети за ученици од социјално загрозени семејства. Донацијата е во рамки на проектот „Акции против родово базирано насилство кај Роми и други маргинализирани групи“, проект кој што е поддржан од страна на германската амбасада во нашата држава, при сојузното министерство за надворешни работи на Германија.

 

 

„Меѓутоа ова е само дел од огромната поддршка која што амбасадата на СР Германија ја дава на нашата држава, а јас само ќе ви ги прочитам оние работи кои точно преку германската амбасада се донирани не само во нашата општина, туку и надвор од нашата општина и тоа само во овие 2-3 месеци. Моментално се даваат 34 таблети за ученици од социјално загрозени семејства и тоа 15 во училиштето во кое се наоѓаме денес „Орде Чопела“, 15 во училиштето „Ѓорче Петров“ односно медицинско како што го знаеме во Прилеп и 4 таблети во основните училишта во Долнени. Овој месец продолжува со помош на 111 социјално загрозени семејства во општина Прилеп и тоа двократна донација со пакети со хигиенско неопходни средства. Претходно дониравме амбулантно возило на болницата. Во месец декември во болницата во Кичево се работи и ќе донираме, а е во процес на изградба монтажен објект со 5 болнички простории, кои ќе бидат опремени со медицински инвентар со цел да се справат со пациентите заболени со ковид-19. Истовремено овој месец во болницата во општина Шуто Оризариќе донираме медицинска техника, апарати за дезинфекција, скафандери, заштитни ракавици, маски, визири, боци со кислород и плус оксиметри и слично. Не ги спомнувам другите донации кои не се од ваква материјална природа, а тоа е помош на луѓе кои се жртви на семејно насилство, на тортура и слично, тоа се работи кои ги работиме веќе 25 години“, истакна Гоце Тодороски, иизвршен директор на Центрот за граѓанска иницијатива.

 

 

Тодороски нагласи дека овој процес, кој го започнувале во овие неколку месеци, имале за цел да го интензивираат во 2021 година затоа што ефектите од Ковид 19, економски, социјални, психолошки допрва ќе се почувствувале во 2021. Токму поради тоа се правело една листа на потреби за да се идентификуваат заеднички и да се продолжи со уште поголемо темпо на донирање.

 

 

Претставникот од СОУ „Орде Чопела“, Емилија Николска, каде денеска се донираа дел од таблетите истакна дека донација од таблет компјутери за учениците кои ја следат наставата од далечина, а не поседуваат неопходен технички уред, претставува еден нов почеток за нив.

 

„Најпрво сакам да испратам голема благодарност до здружението на граѓани ЦГИ од Прилеп, исто така и до локалната самоуправа за ова хумано дарување, односно хумана акција. Денес на нашите ученици ќе им бидат доделени 15 таблет компјутери кои ја следеа непрекинато наставата од далечина, но не поседува ИТ уред. Тоа преставува еден нов почеток на сите нив. Со ваквата хумана акција сите ние ќе придонесеме заеднички за подобрување на нивниот напредок во образованието и онлајн наставата, но и континуирано можеме да ги следиме нивните достигнувања“, рече Николоска.

 

 

 

Градоначалникот Илија Јованоски искажа голема благодарност до „Центарот за граѓански иницијативи – Прилеп“ (ЦГИ), кој цели 23 години се
грижи за подобрување на човековите права во нашата општина и има реализирано голем број вакви донации.

 

„Сакам да ја поздравам нивната иницијатива, затоа што како хуманитарна невладина организација години наназад тоа го прави со несмалено темпо, хуманитарни акции во голем број на училишта и детски градинки. За среќа и оваа година бевме во Општата болница во Прилеп помогнати од амбасадата на Република Германија. Донираа санитетско возило, што секако тоа возило ќе им користи на граѓаните за транспорт во градот и надвор од него, во клиниките во Скопје“, изјави Јоваоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи