Почина прилепскиот сликар Илија Миноски

Илија Миноски е роден 1936 година во Прилеп, во семејство кое ја негувало уметноста. Неговиот татко Кирил бил еден од основоположниците на современата уметност во градот. Најпрво завршил училиште за применета уметност во Скопје, а во 1978 година дипломирал на Педагошката академија во Скопје, во одделот за сликарство, во класата на професорите Б. Лазески, Д, Кондоски, Д. Тодороски, Д. Пандилов. Остварил студиски патувања во Грција во 2004 година, а во 2005, 2006 и 2007 и во Бугарија.

 

Најпрво работел како дизајнер во Велес во фабриката за порцелан, а од 1962 година до пензиониирањето како наставник по ликовно образование во ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп.

 

Има организиирано голем број самостојни изложби во Прилеп, Скопје, Битола, Штип, Неготино, Гевгелија, како и во Грција.

 

Учествувал и на повеќе заеднички изложби на ДЛУП, на ДЛУМ во Лесковац, Валево, а бил учесник и на повеќе ликовни колонии.

 

Во 2013 година ја добива наградата за животно дело на град Прилеп – „3 Ноември“.

 

Добитник е на специјална награда во Битола, има добиено диплома во Нови Сад, награда на ДЛУП за најдобро ликовно остварување во 1985 година на КПЗ Прилеп.

 

Три години е прогласуван за најдобар акварелист во Бугарија, а награда за успешен акварелиист има освоено и во Грција.

 

Погребот ќе се одржи утре на Старите Градски гробишта, а телото ќе биде положено во црквата Свети Кирил и Методиј ( Параклис ) утре од 8.00 часот.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи