ВИДЕО – Крушево преполно за празниците, се апелира да нема групирања и да се почитуваат мерките

За Новогодишните и Божикните празници резервирани се скоро сите сместувачки капацитети во Крушево и се бара кревет повеќе. Но оваа година поради пандемијата нема да има организирани прослави во угостителските објекти и хотелите. Секој ќе се забавува на свој начин, но само во собата која ја изнајмил. Дури и сместувањето се одвива со запазување на посебни протоколи.

 

 

„Задоволни сме со капацитетот. Имаме протоколи за седење по маси, почитуваме протоколи со носење на маски. За надворешнии гости сме отворени само до 18.00 часот, а од 18.00 до 21.00 часот ќе се служи вечера за хотелските гости, а после 21 часот секој ќе си прославува во собите“, изјави Методија Стојчески, менаџер на хотел.

 

Задоволни се и издавачите на соби и апартмани. Вепат дека можеби не е сосема полно како лани, но имало гости.

 

„Ние претежно работиме со иста клиентела секоја година, гостите знаат каде доаѓаат. Знаат дека се безбедни, дека секој си е во посебен апартман. И секој ќе си ја дочекува Новата Година во кругот на семејството“, истакна Мери Чавкароска, претседател на здружение за туризам и угостителство.

 

Од туристите и посетеноста задоволни се и крушевчани, но велат дека ништо не е исто. Има луѓе, но претежно седеле во апртманите, низ градот нема голема раздвиженост бидејќи и угостителските објекти работат со скратено време.

 

„Има доста гости од другите градови, но повеќето се фамилии кои се дојдени тука во хотелите, во апартманите, друштва нема, но и казните се големи, не може да се собираат друштва“, рече еден крушевчанец.

 

„Гости има скоро како и лани. Овие што ги издаваат апартманите сите се полни“, додаде друг крушевчанец.

 

Од Општина Крушево велат дека веќе биле организирани со МВР и пазарната инспекција за нема собирања.

 

„Меѓутоа воспоставуваме и некаков ред со редари, од Општина Крушево кои ќе бидат излезени на терен и кои ќе ги предупредуваат пред се граѓаните да не дозволиме нивно групирање. Исто така апелираме до сместувачките капацитети да нема групирање внатре во објектите“, вели Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

 

Можеби без снег и во една вонредна состојба, но сепак на Крушево ништо не може да му ја одземе убавината која ја поседува, токму затоа и годинава тоа е една од главните дестинации за празниците во државава.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи