ВИДЕО – Дедо Мраз се симна од покривот, влезе низ прозорецот и им подели пакетчиња на децата во прилепската болница

Со полна вреќа подароци, денеска Дедо Мраз им приреди изненадување на децата кои се хоспитализирани на Детското одделение во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп. Изненадувањето за најмладите го организираше спасителната служба „Златоврв“, во соработка со Општина Прилеп и прилепската Општа болница кои ги обезбедија подароците.

 

 

Поради пандемијата со ковид-19, наместо да влегува во болницата , Дедо Мраз спуштајќи се со јаже од покривот на болницата, им ги достави новогодишнитепакетчиња на најмладите, сместени во Детското одделение, а исто така го посети и Акушерското одделение.

 

На задоволство на најмладите кои се на лекување во болницата, во согласност со протоколите за заштита, им беше овозможено и фотографирање со најомилениот новогодишен лик, Дедо Мраз.

 

„Во соработка со Спасителната служба „Златоврв“ од Прилеп и Центарот за социјална работа од Прилеп изврши поделба на новогодипни пакетчиња за децата сместени во згрижувачки семејства на територииите на Општиините Прилеп, Долнени и Кривогаштани. Мило мии е што има ваквии хумани граѓани и организации кои донираат предновогодишни пакетчиња. Истите се собрани со неколку неформални ФБ групи и анонимни донатори“, рече Дејан Тошески, директор на Центар за социјална работта Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи