ВИДЕО – Тутунарите се поделија – едни на штрајк пред Влада, други предаваат тутун, започнаа и со меѓусебни обвинувања

Се поочигледна е поделбата помеѓу Сојузот на земјоделски здруженија и Иницијативниот одбор на тутунарите кој денеска одржа штрајк пред Влада. Според Сојузот на пунктовите имало гужви, тутунарите сакале да си го предаваат тутунот. Тие бараат зголемување на динамиката на откуп од откупувачите. Но нема ниту збор од претходните нивни барања за зголемување на цената. Само велат дека тие не биле за стопирање на откупот бидејќи така ќе се нанесела поголема штета на тутунарите.

 

 

„Јас не можам да кажам дека се тутунарите поделени затоа што и ние сме за тутунарите, и ние бараме на тутунарите да им се цени реално тутунот, целиот тутун да им биде откупен. Тие предвиделе дека добро е да има штрајк пред Влада и се таму пред Влада. Не сме против нив дали да штрајкуваат или не, но ние сме за тутунарите да не бидат запрени вагите, да се носи тутунот за да може да се предаде целиот род“, изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здружениија.

 

Дел од тутунари кои го поддржуваат Сојузот на земјоделски здруженија дури и сметаат дека досега реално се ценел тутунот. Започнаа дури и да се обвинуваат и напаѓаат помеѓу себе.

 

„Незадоволни тутунопроизводители се оние со по 50-100 декари што садат. Го работат со аргати, профитираат, вложија по 10-15.000 евра и сега не можат да си ги повратат парите, мислеа како минатите години 1 и 2 класа ќе биде, но годинава не испадна така. Според мене реално се цени тутунот, јас сум задоволен“, рече Марјан Пуцакоски, тутунопроизводител .

 

„Досега вака можам да ви кажам, овде каде што сум јас, иако не се потпишаа на таа спогодба што беа од „Сокотаб“ реално ценат од првиот ден до денес. Незадоволството не можам и јас да го оценам, не е такво незадоволство. Нас не навикнале откупувачите во минатите години да една класа даваат подобра, требаше да се зголеми во изминатите години само цената“, вели Кронислав Мантароски, повереник и тутунопроиизводител.

 

Но во Општина Долнени токму поради незадоволството на тутунарите од 8.000 тони, откупени се само 500 тони.

 

„Цената моментално во некои откупни пунктови е реална цена по квалитет на тутунот, но во некои пунктови навистина ми е жал, но ептен сме потценети и ги замолувам, им давам лично како договарач и како здружение, им давам поддршка на договарачите и на фирмите заедно да излезиме на терен и да го купиме по реална цена по квалитет тутунот“, истакна Муса Ибраимоски, претседател на здружение „Златен лист“, Општина Долнени.

 

Денеска од Сојузот немаа информација дали се покачила просечната откупна цена, која деновиве се движеше 167 денари за килограм.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи