ЖФК Деспина на 15.01.2021 година ги започна припремите за пролетниот дел од шампиoнатот во првата женска фудбалска лига.
Планот е да се тренира во Прилеп до почетокот на првенството на 27 февруари на домашен терен против Плачковица.
Останува костурот на екипата од есенскиот дело само без Драгана Костова, за која ќе има соодветна замена. По паузата во есенскиот дел во екипата се враќа репрезентативката Јована Ѓорѓиоска која ќе биде вистинско освежување за на пролет.
„Со максимално залаѓање и посветеност, желни за игра и гладни за нови победи и успеси ќе ги нападнеме двете натпреварувања во кои учествуваме, првенството и купот. Нашето мото е да бидиме подобри од предходно, ние тоа го сакаме и можеме“, велат од ЖФК Деспина.