Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 11 до 17 јануари 2021 година, во општина Прилеп имало 84 нови случаи на Ковид-19. Од последици на коронавирусот починале 5 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 301. 41 лица се наоѓаат на болничко, 227 на домашно лекување, а 33 се лекуваат во дневната болница; на кислородна поддршка се наоѓаат 29 пациенти.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 355 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 4.467. Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 225 лицa.