Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи од Битола и од Одделението за внатрешни работи од Прилеп на 21.01.2021 година приведоа две лица барани со потерница за издржување казна затвор до 12 години. Приведени се А.А. (30) и П.С. (36).
Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека за А.А. била распишана потерница за издржување затворска казна од 12 години, а П.С: за затворска казна од година и шест месеци.
Лицата се спроведени во Казнено-поправна установа Битола за издржување на затворската казна.