Дождовите придонесоа Албанија вкупните потребите за електрична енергија да ги покрива со домашно производство

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Обилните дождови од последните две недели на целата територија на Албанија позитивно се одразија во полнењето на речиси празните вештачки акумулации. Тоа посебно се однесива на сливното подрачје на каскадата на реката Дрим, каде се наоѓаат трите државни хидроелектрани Фиерза, втората по големина ХЕ на Балканот,  Коман и Вау те Дејес.

 

„Нивоата на трите акумулации се приближуваат до максималната кота, а електраните работат со максимален капацитет. Вкупното производство услови целосно да се покрие домашната побарувачка за електрична енергија”, информираше Албанската електрокорпорација, КЕШ.

 

Оттаму посочуваат дека моментниот доток на вода во касакадата е 975 кубни метри во секунда, а просечното дневно производство во трите ХЕ изнесува над 25 милиони киловат часови електрична енергија.

 

„Продолжуваме внимателно да ја следиме состојбата со дотокот на вода и полнењето на акумулациите, гарантирајќи целосна безбедност на браните, снабдување со електрична енергија за домашните потрошувачи и избегнување на било какво негативно влијание од испуштањето на вода во подскадарскиот регион”, наведуваат од КЕШ.

 

Поради долгиот и сушен период Албанија поголем период од минатата година потребите за електрична енергија ги задоволуваше од увоз.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи