Транспаренси интернешнл во последниот извештај за перцепција на копруцијата забележа дека дека Македонија продолжува да паѓа на листата. Во денеска објавениот Индекс за перцепција на корупцијата, Македонија е рангирана на 111-то место со 35 бодови, со што бележи пад од 8 места во однос на последната година.
Транспаренси ги рангира државите според Индексот на корупција ( 0 до 100 поени), при што високиот рејтинг рефлектира мал индекс на перцепирана корупција. Со 35 поени, Македонија ја дели својата позиција со Босна и Херцеговина, Монголија и Панама. Со тоа, Македонија и Босна и Херцеговина се најлошо рангирани земји во регионота, а дури и Косово и Албанија имаат подобар рејтинг од нив.
Да потсетиме дека македонската влада постави вицепремиер задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси го издигна овој проблем во приоритетните за решавање во новиот мандат.
Сепак, повеќе од 1 година во Собранието не е донесена Национална стратегија за борба против корупција и спречување на судири на интереси, која е изработена од Антикорупциската комисија.
Дали сме на правиот пат со битката со корупцијата? Кој е врвот на приоритетите?
За споредба, највисоко на листата веќе со години се: Данска, Нов Зеланд и Финска чиј индекс изнесува во просек околу 88 поени.