Матурантите продолжуваат со бојкот на наставата и оваа недела

Facebook
Twitter
Email
Print

И оваа недела продолжува бојкотот на наставата од страна на матурантите, инфомираа од Сојузот на средношколци.

 

Матурантите стојат на ставот дека се потребни измени во полагањето на државната матура, односно наместо досегашните 4 предмети, поради проблемите кои настанаа во образовниот процес со корона пандемијата бројот на предмети кои ќе се полагаат да се намали на 2.

 

„Ќе продолжиме со нашите активности во парламентот во координација со сите пратеници и пратенички групи коишто ги поддржуваат нашите барања“, велат од Сојузот на средношколци.

 

Вчера министерството за образование соопшти дека бојкотот е неоправдан и дека најмногу штета ќе претрпат учениците.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи