Сашо Велески од денеска официјално директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп

ЈКП,, Комуналец,, – Прилеп,  ја  информира  јавноста  дека од денес  5.02.2021 година, за  директор на јавното претпријатие е именуван  Сашо Велески, дипломиран машински инжењер.

 

Сашо Велески,  на местото  директор  доаѓа од работното место раководител на Сектор за паркови и зеленило, при ЈКП ,, Комуналец,, – Прилеп.  Велески, е  со  работно искуство од областа на менаџирањето во стопанството, работи  и како член на Управниот одбор во Телеком, а повеќе години  е ангажиран и како советник во Советот на Општина Прилеп.

 

„Со неговото работно искуство и познавањето  на приликите и состојбите во јавните претпријатија,  Велески,  најавува многу новини во областа на правилното третирање и управување со отпадот, беспрекорна  заложба за чист и уреден град,  и здрава животна средина во општинава“, велат во соопштението од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи