ВИДЕО – Битиќи: Странските инвеститори не најавиле отпуштања поради намалената продажбата на нови автомобили

 

Движењето во автомобилската индустрија на светско ниво и намалуавњето на продажбата на нови автомобили може да има импликации и кај нас, но засега никој од автомобилската индустрија и автомобилскиот сектор во државата нема навестено дека тоа ќе резултира со намалување на работни места, ова денеска во Прилеп го истакна министерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

 

 

На светско ниво продажбата да, но овде ние правиме само дел. Пример на светско ниво имаме проблем само со една суровина во автомобиската индустрија, а тоа се микрочиповите. Никој не ги произведува или не може да произведе доволно колку што може да се произведат автомобили. Тоа е глобален проблем, досега странските инвеститори кои се во тој сектор немаат кажано дека тоа ќе значи намалување на работни места. Затоа би сакал на јавноста уште една друга работа да им биде јасна, автомобилската индустрија или автомобилскиот сектор во нашата држава вработува 2% од вкупниот број на вработени во целиот приватен сектор и затоа кога поставуваме прашање треба да видиме дали 2-та посто се клучни за опстанокот на економијата. За нас секое едно работно место е клучно и правиме мерки за да ги заштитиме. Но ние зборуваме за 100% од економијата, да видиме да целата економија издржи овој тежок период“, рече Битиќи.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи