Според бугарската агенција „Монитор“, минатата година биле издадени 18.226 нови државјанства, од кои половина, односно 9.098 пасоши биле одобрени на граѓани од Македонија.
Интересот за бугарски пасош кај Македонците бил особено голем во последните неколку години. Од 2016-та до 2020та, 25.600 бугарски пасоши биле доделени на Македонци.
Проценето е дека од 2010-та година досега, околу 66 илјади Македонци кои покажале дека имаат бугарско потекло, добиле бугарски пасош.