Снежна апокалипса во Mосква – толку многу снег немало од 1973 година

Facebook
Twitter
Email
Print

Сообраќаен колапс, навеви двојно повисоки од човек и зимска бајка – во Москва веќе неколку дена трае снежна апокалипса. Толку снег во рускиот главен град не паднало од 1973 година. Снежната покривка достигна 59 сантиметри. За постигнување на апсолутниот рекорд недостигаше само еден сантиметар.

 

Таму каде што имаше паркирани автомобили се гледаат само купишта снег. Возачите најпрвин мораа да си ја најдат својата кола да ја ископаат од снегот, а потоа да си ископаат себеси премин за да го напуштат дворот. Комуналните служби не беа подготвени за толкава количина врнежи.

 

 

 

 

Властите на Москва веќе соопштија дека за целосно расчистување ќе бидат потребни осум дена.

 

Висината на некои навеви во дворовите двојно надминува човечки раст. Тротоарите на некои места беа повторно покриени со снег буквално пет минути откако таму помина машина за чистење.

 

Поради чистењето на главните улици се издигнаа купишта снег високи колку еднокатници.

 

 

 

 

 

 

ИЗВОР: mk.rbth.com

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи