Најевтината карта чини 1 милион рубли – како изгледа најскапиот воз во Русија на релација Москва – Владивосток

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Карта за купе за туристичкиот ретровоз „Златен орел“ чини еден милион рубли. И тоа е најевтината. Од Москва до Владивосток најбргу се стасува со авион. Но, со воз е сепак најромантично, особено со оној најлуксузниот во Русија.

 

Овој воз нема да успеете да го пронајдете на ниту еден возен ред. „Златен орел“ е заеднички проект на Руската железница и на британската компанија „Голден игл лакшри трејнс“, а билет може да резервираат само туристички групи, и тоа претежно странски, оние кои сакаат да пропатуваат низ цела земја, од Москва до Владивосток и назад. Патувањето помеѓу градовите трае 14 дена.

 

 

Возот запира во Казањ, Екатеринбург, Новосибирск, Иркутск, на Бајкал, во Улан Уде и во Хабаровск. Патниците од крајното одредиште дома стасуваат со авион.

 

На своето прво патување „Златен орел“ тргна во 2007 година под Транссибирската железница, додека денес „покрива“ 12 линии годишно, и тоа најчесто налето. Возот, меѓутоа, патува и во други насоки, кон Пекинг, кон Техеран или на Кавказ.

 

 

Старинската локомотива влече 19 вагони во кои удобно можат да се сместат 120 патници и 56 вработени, вклучувајќи водичи и уметници кои ги забавуваат туристите во текот на патот.

 

 

Вагоните однадвор изгледаат како и сите останати, а кога ќе влезат внатре патниците имаат впечаток дека се во царски дворец. Постојат две класи вагони – златна и сребрена.

 

 

Во сребрената има шест купеа за двајца, а во златниот пет со поголема површина. Во секое купе има санитарен јазол, голем кревет, телевизор и гардеробер. Постојат и неколку пространи купеа „империјал суит“ кои имаат дури и вистинска када.

 

 

Покрај тоа во возот има и два вагони-ресторани, еден бар, салон за убавина, па дури и сала за вежбање. На патниците им се нудат традиционални руски јадења: боршч, пељмени, кавијар, руски палачинки и, секако, вотка.

 

 

 

Почетната цена во купе за две лица во сребрен вагон изнесува 14.995 долари, што е нешто повеќе од еден милион рубли, во златното 19.595 американски долари (1.300.000 рубли), а во императорскиот 31.395 американски долари (над 2.000.000 рубли). Во цената се пресметани излетите и забавата.

 

 

 

 

 

 

 

ИЗВОР : mk.rbth.com

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи