Мијалков се појави пред Јавното обвинителство: Имав температура, бев во изолација

 

 

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков денеска  се пријави во Обвинителство за да си го земе решението за притвор.

 

Мијалков кажа дека дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во изолација поради здравствени причини. Имал висока температура и симптоми на корона, а за ситуацијата што настанала околу него дознал утрово.

 

„Разбрав утрово и за тоа ми е многу жал. Доаѓам откако дознав, да се јавам во Обвинителството. Вчера бев, нажалост, навистина многу болен, со преку 40 температура, и кога утрово дознав за ова што се случува, ајде решив да дојдам и да се јавам. Бев во Македонија. Бев изолиран, затоа што имав симптоми на корона и со 40 температура, главоболки. Од причина што сакав да се изолирам од семејството, вчерашниот ден го поминав во изолација.

 

Би сакал да ја искористам оваа прилика да се извинам на целата македонска јавност заради непријатноста што се случи во државава од тоа што вчерашниот ден го поминав во изолација.

 

И уште еднаш, јавно да го повторам она, оној мој збор кој што јас го имам дадено, јас никогаш нема да побегнам. И еве ме гледате, јас сум тука. Навистина ми е жал за ова што се случи, се извинувам на Владата, на премиерот, на министрите, на правосудните истанци, на сите останати“ – изјави Мијалков за ТВ 24.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи