Тутунски комбинат Прилеп лани работел со добивка

 

Тутунски комбинат АД Прилеп во 2020 оствари добивка во износ од 31.004 илјади денари, информира компанијата преку Македонската берза. Ова е втора година по ред, по 20 години поминати како еден од најголемите загубари во земјава, ТКП да прокнижува добивка од работењето. Во 2019 година добивката изнесуваше 39.220 илјади денари.

 

Според извештајот доставен до  Берза, во 2020 година оперативните приходи изнесувале  904.486 илјади денари и се намалени за 7% во однос на претходната 2019 година, како резултат на намалување на приходите од продажба Истовремено, оперативните расходи се зголемени за 1% во однос на претходната година. Зголемувањето на оперативните расходи најмногу е изразено кај ставката „Трошоци за суровини и други материјали“.

 

Позитивните финансиски резултати покажуваат дека друштвото ги исполнува планираните параметри, со тенденција да се продолжи со исто темпо и во наредните години. Изминатите години Тутунски комбинат, благодарение на партнерството  со Филип Морис Интернационал (ФМИ) во заедничката компанија ПМТКП, значително ја подобри инфраструктурата на производство со реновирање на производниот погон и подигнување на производствените стандарди, што овозможи и производство на нови квалитетни брендови од палетата на ФМИ –  Marlboro Flavour Plus, Chesterfield 7.0 и Marlboro Core 7.0.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи