Одземена возачка дозвола и глоба од 400 евра за возач кој возел со брзина од 182 км час

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Од СВР Тетово информираат дека во текот на вчерашниот ден спровеле акциска контрола за пречекорување на брзина и фатиле на радар автомобил чиј возач возел со брзина од 182 километри на час по автопатот „Мајка Тереза” во близина на натпатникот за гостиварското село Дебреше.

Голфот со скопски регистерски ознаки бил запрен, а на возачот му била напишана глоба од 400 евра. За прекршокот, времено му е одземена и возачката дозвола.

„Вчера (3 март) од 9 до 14 часот, на поширокото гостиварско подрачје, односно на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на Дебрешки натпатник, спроведена е локална акциска контрола за брзина со која се движат возилата надвор од населено место Откриени и законски санкционирани биле вкупно 30 прекршоци. Шест од прекршоците биле пречекорувања на брзината за повеќе од 70 километри на час, а 24 пречекорувања биле за 50 до 70 километри на час. При контролата, исто така, санкционирани се и 2 други видови прекршоци“, известуваат од СВР Тетово.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи