Amazon мора да го смени логото бидејќи потсетувало на Хитлер

Гигантот за онлајн трговија Amazon го претстави новото лого во јануари и веќе мора да го смени. Причината е што дел од луѓето ги потсетувало на Адолф Хитлер.

 

Логото претставено во јануари ја содржеше препознатлива стрелка на Amazon, но заедно со незгодно поставената сина налепница во горниот дел, сепак, изгледаше како мустаќите и насмевката на злогласениот нацистички лидер.

 

 

Компанијата што ја основа Џеф Безос наиде на многу негативни коментари, па беше донесена одлука да се смени обликот на сината налепница.

 

Од Amazon за BBC изјавија дека логото прво било тестирано во неколку земји, па затоа решиле да го променат врз основа на повратните информации од корисниците.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи