Хотелите во Маврово фекалиите ги испуштале директно во езерото

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Хотелите „Радика“, „Бистра“, „Спорт“, „Лоџ“ и “„Алпине“ лоцирани во Маврово се само дел од оние што директно ги испуштаат отпадните води во Мавровско Езеро или реката Радика, констатирал Државниот инспекторат за животна средина.

„Досега се спроведени инспекции во 18 објекти и утврдено е дека 9 не поседуваат Елаборат за заштита на животната средина. Хотелите ‘Радика’, ‘Бистра’, ‘Спорт’, ‘Лоџ’ и ‘Алпине’ директно ги испуштаат отпадните води во Мавровско Езеро или реката Радика. Помали погони, како на пример ‘Еуро Едил’, ‘Новитет’ и ‘Техно блок’, сите лоцирани во село Скудриње, исто така немаат елаборати за заштита на животната средина и испуштаат отпадни води во реципиент без пречистување“, се наведува во соопштението на Инспекторатот.

Оттаму додаваат дека сите субјекти кај кои се најдени неправилности се задолжени најпрво да ја обезбедат потребната документација, како одобрени Елаборати за заштита на животната средина, дозволи за испуштање на вода во реципиент, проекти за изведба на пречистителни станици и слично, а потоа ќе добијат соодветни рокови за да ги применат сите неопходни мерки за спречување на загадувањето.

Од Инспекторатот најавуваат дека до крајот на март ќе се изврши надзор врз сите правни субјекти и ќе се преземат мерки за корекција на сите неправилности.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи