Европската унија побара укинување на роамингот во телекомуникациските тарифи за земјите од Западен Балкан, како форма на олеснување на комуникацијата на граѓаните. Укинувањето на роамингот е дел од договорот на земјите од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Косово и Србија.
Првата фаза од спроведувањето на договорот започна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена за 80 проценти, додека втората фаза, односно целосно укинување на роамингот, е најавена за 1 јули 2021 година.
125