Неколку недели цените на нафтените деривати растат во Македонија.
Според последната одлука на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) бензините се продаваат за денар и денар и половина повеќе од претходната недела и тоа значи дека ЕУРОСУПЕР БС – 95 неделава се точеше за 65,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 67,5 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) чини 56 денари.
Цената на масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) е 45 денари за литар.
Денес, РКЕ треба да ја донесе новата одлука со новите цени за горивата.
132