Филипче: 2.000 кинески вакцини за Македонија стигнаа во Софија, довечер кај нас

Министерот за здравство Венко Филипче предмалку објави дека донацијата од 2000 кинески вакцини за Македонија стасала на аеродромот во Софија.

„2000 кинески вакцини од прозиводителот Синофарм пристигнаа на аеродомот во Софија и до вечер ќе пристигнат во нашата земја.  Оваа донација е од Обединетите Арапски Емирати. Голема благодарност за заложбата на амбасадорот Абдулкадир Мемеди и на министерот за надворешни работи Bujar Osmani што за краток временски период се обезеди оваа донација“, напиша Филипче на неговиот Фејсбук профил.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи