Во општините Могила, во Северна Македонија и Малиќ, во Албанија, се поставија хидролошки станици. Реките Девол и Црна Река се реките кои најчесто предизвикуваат поплави во овие две општини.
Хидролошките станици имаат свои видео камери со кои се следи текот и нивото на реката. Хидролошките станици имаат и соларни панели за самостојна работа. Ова се првите хидролошки станици во овие региони кои навремено алармираат за појава на поплави.
Хидролошките станици со сензори ја мерат длабочината и температурата на водата во реката. Информациите од хидролошките станици одат во хидрометеоролошкиот завод и општините.
Информациите од хидролошката станица се внесуваат во мобилната апликација „ALARM FLOODS“. Со оваа мобилна апликација граѓаните навремено ќе добиваат аларм за можни поплави. Апликацијката „ALARM FLOODS“ може да се превземе од Google Play Store.