Променливо облачно со утринска магла, од утре влажен бран со повремени врнежи од дожд, на повисоките планини снег

Facebook
Twitter
Email
Print


Времето денеска променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде кон крајот на денот повремено ќе засилува.

Во Прилеп и регионот,температурата ќе се движи од 4 °C до 10 °C.

Под влијание на влажен бран од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено во западните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој во деновите од викендот ќе услови повисоки дневни температури.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи