ВИДЕО – Општините Могила и Малиќ добија одводни канали за спречување на поплави, како и хидролошки станици кои алармираат за можни поплави


Општините Могила во Сeверна Македонија и Малиќ во Албанија скоро секоја година во есен и зима се погодени од поплави. Причина се неисчистените постоечки канали, затрупани со земја или обраснати со густа вегетација, како ии немањето на соодветен систем за дренажа на водата.

За таа цел се изградија одводни канали во должина од 3 км. во Општина Могила и 3 км. во Општина Малиќ. Во општина Могила новоизградените одводни канали поминуваат низ селата Будаково и Трап. Во општина Малиќ новоизградените одводни канали поминуваат низи селата Волочишта и Дритас.

„Преку овој проект беа констатирани проблеми од двете страни на границата, проблемии поврзани со честите масовни поплави. Решенијата на овој проблем беа дефинирани заеднички, краткорочнии и долгорочни, што ќе помогне во долгорочна соработка на сите актери“, рече Албана Цуле, локален координатор на проектот – DMO.

Преку каналите беше контролирано и спречено поплавување на населените и земјоделските површини и покрај честите и масивни врнежи во овие села ( над 70 L/m2). Со проектот се поставија и хидролошки станици на реките Девол и Црна река во овие две општинии.

„Благодарение на овој проект жителите на Општина Могила имаат увид, на состојбата на Црна Река и опасностите од поплави. Исто така благодарениие на каналите во Трап и Будаково жителите ќе бидат заштитени од понатамошни поплави“, додаде Драганчо Саботкоски, градоначалник на Општина Могила.

Хиидролошките станици со сензори ја мерат длабочината и температурата на водата во реката. Хидролошките станици имаат соларни панели за самостојна работа и видео камери со кои се следи текот и нивото на реката. Информациите од хидролопјката станица се внесуваат во мобилната апликација „Alarm floods“. Апликацијата „Alarm floods“ може да се превземе од Google play store.

„Покрај другите активности и реализиран е и еден исклучителен значаен документ, а тоа е заедничкиот акционен план кој всушност ја отсликува и мисијата на овој проект, односно главните цели на проектот. А тоа е да се воспостави таа взаемна прекугранична соработка со овие две општини“, кажа Проф. Д-р. Константин Петкоски.

 

  • Информирани и мотиварни 600 земјоделци и челнови од заедницата од двете земји за зачувување на животната средиина, одржување на каналите и управување со поплавите.
  • Размена на искуства и студиска посета во двете земји помеѓу 20 земјоделци.
  • Зајакнат капацитет за соработка, санирање, планирање и управување со поплави на 24 лица од секторите за менаџирање со поплави.
  • Зајакнат капацитет на 200 земјоделци од двете земјии и управување и заштита од поплави.
  • Повеќе од 12.000 луѓе беа заштитении од поплави преку овој проект.
  • Подготвени 2 локални акциони планови во општините за справување со поплави.
  • Заедничка соработка помешу двете општини за подготовка на 1 заеднички план за управување со ризици.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи