ВИДЕО – 15-та хуманитарна акција за Велигден во организација на прилепските цркви


Заврши 15 -тата по ред хуманитарна акција која што ја организираат четирите православни храмови во Прилеп, Св. Петка“, „Св. Кирил и Методиј“, „Св. Преображение“ и „Св. Благовештение“. Организацијата беше на неформалната хуманитарна организација Св. Никодим Тисмански и Прилепски. Во изминатава една недела граѓаните имаа можност да донираат парични средтсва во специјалните кутии кои беа поставени во храмовите, а исто така можеше да се донира и нерасиплива храна. Со собраните пари потоа се купија прехрамбени продукти и хемиски средства за лична хигиена, од кои се направија 140 пакети за социјално загрозени семејства.

 

Имаме доста донации од физички лица, исто така имаме донации и од приватниот бизнис сектор. Доста парични средства се собраа и се употребија скоро сите донирани средства и парични и оние кои беа донирани во прехрамбени продукти. Во секој случај мислам дека ќе имаме уште побарувачка, но ќе пробаме со свештениците да направиме некако. Да видиме како ќе бидат средствата наредниот пат, се зависи од она колку собираме толку и пакети правиме. Еве годинава пак направивме 140 пакети, така планираме и да продолжиме“, вели Драган Џокоски, хуманитарна организација Св. Никодим Тисмански и Прилепски.

Од овие 140 пакети 35 ќе бидат поделени во прилепските села, а останатите во градот. Но секоја година потребата од ваква помош е се поголема и поголема, што е доволен показател за зголемување на сиромаштијата кај нас.

Секоја година и секоја акција имаме се повеќе и повеќе побарувачка. Но затоа тука во консултација ни се свештениците, секогаш тој список мораме да го направиме со нив, да видиме кој од тие семејства имаат приоритет. Во секоја случај ако треба да правиме повеќе пакети, ќе направиме, но можеби ќе се намалат продуктите“, додаде Џокоски.

Вакви акции во провославните храмови во Прилеп се организираат два пати годишно, за Божик и Велигден, но оваа неформална хуманитарна организација функцонира преку целата година. На влезот од црквата Свето Благовештение постојано е поставена ваква кутуја за донации, а потоа тие пари се донираат исто на граѓани кои имаат потреба и помош од финансии за различни работи, дали тоа е лекување, операции во странство, храна, семејства кои го изгубиле домот во пожар и слично.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи