Анимираниот цртан филм „Звуците на Новата Година“ утре во кино Мис Стон

Анимираниот цртан филм „Звуците на Новата Година“ за најмладите од градов ќе биде прикажан 22.12. 2023 во кино Мис Стон. Ќе има две изведби, од 17.00 и од 19.00 часот.

Во цртаниот филм, најмладите, ќе дознаат што се случува со звуците на Новата Година. Зошто ниедна мелодија не е како што треба и зошто се испревртени зборовите во сите песни на светот? На светот? Подобро речете – во целата бесконечна вселена. Но, ако мислевте дека нема кој да го реши проблемот – погрешивте. Биби, Боби, снешкото Гого, Дедо Мраз од Заз, роботчето Р1, но и мистериозните чувари на Заз се обединуваат да ја спасат целата музика во универзумот.

Режисери на филмот се Димитар Аризанов и Јосип Здравковски, гласовите ги позајмуваат актерите Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски, Сашка Димитровска и Дамјан Цветановски, а за музиката се погрижи Ангел Ќосев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи