24 години од масакрот кај Вејце

Facebook
Twitter
Email
Print

Денеска се навршуваат 24 години од заседата кај шарпланинското село Вејце во која загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили – четворица припадници на спацијалната единица „Волци“ и четворица припадници на посебната единица на полицијата од Битола.

На 28 април 2001 година беа убиени Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24), Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

Масакрот се случил во 17:45 часот откако од заседа биле масакрирани и живи запалени осумтемина припадници на безбедносните сили.

Во нападот беа повредени и шестмина припадници на безбедносните сили.

Ова трагично случување останува дел од најтемните моменти во историјата на земјата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми