25 годишен прилепчанец се обидел да прегази полицајци во Прилеп

 

 

Во саботата, во 01.50 часот во Прилеп, на ул. „Браќа Миладиновци“ од страна на полициски службеници е пријавено дека возач на патничко возило „пежо“, со прилепски регистарски ознаки, не почитувал наредба и не застанал на покажан знак за сопирање.
По ова, полициските службеници го следеле по улицата кон интернатот, каде што било поставено службено полициско возило „шевролет спарк“, со светлосен знак „стоп“, управувано од полициски службеник, а паркирано на физички одвоената лента со крстосница „Прилепски бранители“. Но, лицето кое го управувало возилото се упатило кон полициската службеничка, со цел да ја прегази, по што таа, избегнувајќи го ударот, отскокнала кон тротоарот и паднала.
Возилото „пежо“ продолжило со движење по ул. „Прилепски бригади“ кон Варош, потоа на магистралниот пат Прилеп-Македонски Брод каде, исто така, на даден знак „стоп“ не застанало, туку со голема брзина се упатило кон друг полициски службеник, со намера да го прегази.
По кратко време, возилото било стопирано на земјениот пат од Варош кон Градските гробишта, и бил лишен од слобода А.Т.(25), кој се барал по потерница за издржување на затворска казна и заедно со неговите сопатници Г.Ц. (35) и Б.Р. (28) биле приведени во Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следат соодветни поднесоци.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци