Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 12 до 18 април 2021 година, во општина Прилеп имало 277 нови случаи на Ковид-19, додека од последици на коронавирусот починале 14 лица.
Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 935. На болничко лекување се наоѓаат 107 лица, од кои 83 се на кислородна поддршка, а во дневната болница се лекуваат 80 пациенти.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 7.910, а од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 378 лицa.