3 нови случаи на КОВИД-19 во Прилеп , 9 пациенти се оздравени, 2 се пратени во Скопје поради потешка состојба

Во општина Прилеп денеска се евидентирани 3 нови случаи на новозаболени од КОВИД-19, а 9 пациенти се излекувани од оваа заразна болест. По еден излекуван пациент има и во општините Крушево и Пласница.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 16 лица. Од нив, 11 се позитивни на коронавирус, а 5 пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Заради потешката клиничка слика, двајца пациенти се испратени на лекување во болницата „8.Септември“ во Скопје;

 

Во самоизолација се наоѓаат 241 лице. Во изминатото деноноќие забележан е еден случај на нарушување на полицискиот час.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци