41% од младите сметаат дека младинскиот додаток би спречил миграција на млади

Последователно на истражувањето кое го спроведи Коалиција СЕГА, во рамките на Националната Кампања „Право на младински додаток – Информирај се за твоите работнички права“ беа утврдени следните наоди:

  • 41% од младите до 23 години сметаат дека оваа мерка ќе придонесе кон спречување на миграцијата на младите надвор од државата;
  • 59% од младите до 23 години сметаат дека оваа мерка нема да придонесе кон спречување на миграцијата на младите надвор од државата;

Коалиција на младински организации СЕГА ја спроведува Националната кампања „Право на младински додаток – Информирај се за твоите работнички права“ во периодот од 12 август –  31 декември 2021 година.

Кампањата има за цел информирање на младите и работодавците за корисноста и придобивките од законот за младински додаток и да придонесе кон негова подобра примена.

#coalitionsega #законзамладинскидодаток #правонамладинскидодаток #Youth #Млади #bkm #KCC #infokompas #msp #bintern #necinmk #ozo #lagagrolider #vcs

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира