Министерството за транспорт во рамки на своите надлежности врши ад хок контрола на издадените лиценци и дозволи за работа во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање. Од досегашните контроли на над 3100 лиценци се констатира следната состојба:
Кај 479 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени поради тоа се ќе се донесат решенија за одземање и тоа:

- на 73 правни лица лиценца А за изведувач на градби од прва категорија
- на 228 правни лица лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија,
- на 9 правни лица лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија,
- на 32 правни лица лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија,
- на 32 правни лица лиценца А за проектирање на градби од прва категорија,
- на 78 правни лица лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија,
- на 7 правни лица лиценца Б за ревизија на проектна документација на градби од втора категорија,
- на 3 правни лица лиценца А ревизија на проектна документација на градби од прва категорија,
- на 2 правни лица лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија,
- на 2 правни лица лиценца управител на градба
- на 13 правни лица лиценца за изработка на урбанистички планови.
Од овие 479 лиценци, 12 правни лица се од Прилеп.
Од Министерството за транспорт информираат дека ќе продолжат со конторолите на издадени дозволи и лиценци согласно своите надлежности со цел да го осигура почитувањето на законските прописи и правниот поредок во државата и да се овозможи рамноправност за сите правни лица.
Целокупниот список ќе биде доставен до Министерството за внатрешни работи, до Јавното обвинителство, до ЗЕЛС и останати засегнати институции со цел за понатамошни постапки.
Фирмите на кои што ќе им бидат одземени лиценците може да ги најдете на следниот ЛИНК.