ВИДЕО- Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Во напредна фаза е проектот за изградба на Центар за управување со отпад во Општина Новаци каде планирано е отпад да одлагаат 18 општини од Пелагонискиот и југозападниот дел од државата. Прилеп со проектот доби 8.320 канти за селекција на органски отпад, пластика и хартија, 126 конјенери за истата намена.

Доста важен проект, односно нов проект кој го имаме е 48 полуподземни  контејнери во вредност од 18.653.890 денари. Тендерот веќе е во тек и се надевам дека на почетокот од есента ќе може овие полуподземни контејнери да бидат поставени во општината“, изјави Ана Лашкоска, заменик министер за животна средина.

Наскоро треба да биде пуштена во употреба и линијата за секундарна селекција на отпадот која е веќе инсталирана. Со тоа уште повеќе ќе се зголеми селекцијата на отпадот.

Ги правиме последните чекори за да се донесе електрична енергија, да се стави под напон, да се проба и конечно да се потпишат договорите и да се исплатат траншите кон изведувачите и на градежните работи и на машинскиот дел, што значи дека Прилеп ќе стане прва општина на Балканот која што има во сопственост фабрика за секундарна селекција за отпад“, додаде Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Прилеп доби и 3 нови возила за собирање отпад, а вкупно треба да бидат 9.

ЈКП Комуналец ќе добие во наредниот период уште 6 возила, моментално имаме добиено 3 возила, едно од 12 метри кубни, едно од 8 метри кубни и едно специјално возило подигач за контејнери од 5, 7 и 10 метри кубни. Со тоа очекуваме да се подобри и да се забрза собирањето и транспортот на отпадот“, рече Љубиша Јованоски, директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

Прилеп е лидер во Македонија во приомарната селекција на отпадот, каде скоро 100% од домаќинствата веќе се покриени со канти за селекција и Прилеп годишно  селектира отпад колку градпот Скопје и сите останати општини заедно.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци