539 санкционирани возачи на мотоцикли, 15 мотоцикли одземени

Во периодот од 30.05.2022 до 05.06.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 539 возачи. Од нив, 340 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 121 возеле без возачка дозвола, 15 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи