55 години хеликоптерска единица на МВР, спремни за одговор на секој професионален и хуманитарен предизвик

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

„Хеликоптерската единицата следејќи го својот развоен пат доследно и континуирано се сообразуваше со сите нужни трансформации во името на полициските стручни стандарди и вредности, истакнувајќи ја на прво место способноста да одговори на секој професионален или хуманитарен предизвик“, нагласи, меѓу другото, првиот човек на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, во своето денешно пригодно обраќање по повод одбележувањето на јубилејот – 55 години од формирањето на Хеликоптерската полициска единица што се одржа во Центарот за обука на МВР во Идризово.

Директорот Јанев  ја потенцираше неопходноста од  континуирано унапредување на сите потребни организациони, образовни или технички аспекти ја изрази својата увереност дека единицата располага со професионален потенцијал и стручност успешно да се соочи со каков било вид на предизвик.

„Се разбира, во сите такви потфати што претстојат единицата ќе ја има целосната моја подршка, подршката на Министерството а во интерес на максимално остварување на сите полициски задачи и должности. Сметам дека тоа е наша императивна обврска не само заради докажаната вредност на единицата, туку и заради сите досегашни генерации, нејзини припадници, кои што го вложиле своето професионално знаење, дел од нив и најголемата жртва – животот, во трансформирањето и развојот на единицата во она што таа денес претставува, кредибилен  сегмент од полициското работење со кој што се гордееме  сите ние“, истакна директорот Јанев.

На свеченоста свое обраќање имаше и началникот на Одделот за воздухопловни единици Бобан Милановски кој што нагласи дека со поддршка на менаџментот на министерството, а во контекст на генералните стратешки насоки и цели за развој и реформа на македонската полиција, единицата ги ползува можностите и механизмите за меѓуинституционална и меѓународна полициска соработка, со што се отвараат нови перспективи за наш натамошен подинамичен и секако – позитивен организациски развој, ускладен со новите трендови и потреби и во делот на полициското безбедносно функционирање, но и во делот на хуманитарно-спасувачките задачи.

Во рамки на Одбележувањето на 55 годишнината од формирањето на Хеликоптерската единица беа доделени повеќе признанија и благодарници, вклучително и постхумни признанија за припадници на единицата кои што ги дадоа своите животи при извршувањето на работните задачи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци