84 возеле без дозвола, вкупно 400 санкции за мотоциклисти

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Во периодот од 06.06. до 12.06.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 400 возачи. Од нив, 242 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 84 возеле без возачка дозвола, 13 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола, 18 поради истечена осигурителна полиса, 14 мотоцикли биле нерегистрирани, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми