Елена Макалоска е најстариот излекуван пациент од корона вирус во Општата болница во Прилеп „Борка Талески“. Од болницата напишаа дека имаат причина и за славење, а 85-годишната Елена се фотографилата со дел од медицинскиот персонал на болницата. Во Македонија до вчера беа регистрирани 1.421 случаи на корона вирусот, а во Прилеп има 143 лица позитивни на оваа заразна болест.